Cadillac XT5 нова генерација

Новата генерација на Cadillac XT5 беше прикажана во Кина, а може да се нуди и на пазарите во Северна Америка откако сегашниот модел ќе заврши со производство во погоните лоцирани од другата страна на „големата бара“….

Дизајнот на новиот XT5 е јасна еволуција на претходниот модел, па овој crossover е вграден во најновиот дизајнерски стил на Cadillac со визуелни промени.Исто така, со 4888 mm (+ 55 mm), XT5 е малку подолг од својот претходник, што треба да го почувствуваат првенствено патниците на задните седишта.

Ширината е 1957 mm (+ 54 mm), висината е 1698 mm (+ 12 mm), а растојанието помеѓу оските е 2863 mm (+ 6 mm). Волуменот на багажникот изнесува 653 литри, додека тркалата се со големина од 21 инчи.

Внатрешноста е исто така уредена во согласност со модерниот семеен стил. Она што се издвојува пред се е големиот екран со дијагонала од 33 инчи со 9K резолуција, кој комбинира виртуелна инструмент табла и екран на допир за информативно забавниот систем. Предните седишта се опремени со функции за вентилација, греење и масажа.

Во Кина, новиот XT5 ќе добие 2.0-литарски бензински мотор со моќност од 237 КС и 350 Nm максимален вртежен момент, со блага (mild) хибридна технологија. Моторот е поврзан со девет (9) степен автоматски менувач на брзини. Погонот е на предните или на сите четири тркала, во зависност од верзијата. Цените ќе бидат објавени подоцна





НАЈНОВИ