Cupra Terramar најавен за 3 септември

Брендот Cupra веќе најави дека во наредните години ќе понуди повеќе електрифицирани возила…

Шпанците наведуваат дека тоа ќе бидат модели кои ќе стојат помеѓу традиционалните сегменти и ќе имаат целосно независен дизајн.

Извршниот директор Вејн Грифитс (Wayne Griffiths) еднаш им рече на новинарите дека автомобилите ќе бидат „во сегменти на раст, бидејќи ни треба раст. Не ги ставајте во класичен сегмент, тоа секогаш ќе биде мешавина (микс) – нешто различно и уникатно – наместо само класичен SUV или класичен Coupe или Limousine“. Тој додаде: „Има многу меѓу нив. Имате различни концепти: Shooting brake, Sportback и разни работи што се можни“.

Еден од тие нови модели е овој Cupra Terramar (во чест на тркачката патека Terramar), а неговата официјална премиера ќе се одржи на 3 септември.

Најавен е како хибриден SUV херој на новото време, кој совршено ги комбинира емоциите и перформансите.

Покрај тоа, привлекува внимание со својата единствена Cupra DNA и смелиот изглед полн со самодоверба, со најновата eHybrid технологија и уште повисоко ниво на дигитализација.

Според претходно објавените податоци, Terramar ќе се нуди во благ (mild) -хибридни и plug-in хибридни верзии, а вториот ќе може да помине до 100 километри во електричен режим.

Се додава дека предметното возило е долго околу 450 сантиметри, а ќе се произведува во фабриката на Аudi во Ѓер во Унгарија.





НАЈНОВИ