Home Featured Dacia Sandero – Најпродаван нов автомобил во Европа во првата половина од годината

Dacia Sandero – Најпродаван нов автомобил во Европа во првата половина од годината

0
Dacia Sandero – Најпродаван нов автомобил во Европа во првата половина од годината

Dacia Sandero беше најпродаваниот нов автомобил во Европа во првата половина на оваа 2024 година…

Со тоа романскиот адут го истисна Volkswagen Golf на второто место и Renault Clio на третото место, додека Tesla Model Y – минатогодишниот (2023 година) светски бестселер – го зазеде „само“ осмото место.

Компактниот Dacia Sandero забележа 143.596 продажби во Европа помеѓу 1 јануари и 30 јуни годинава. Ова претставува раст од 16 отсто во однос на истиот период во минатата 2023 година.

Продажбата на второпласираниот Volkswagen Golf, кој беше освежен на почетокот на оваа 2024 година, порасна за 43% на 125.993, а следен на листата на успешност во однос на продажбата е Renault Clio, со продадени 114.623 единици, што претставува зголемувае за 15% во однос на истиот период минатата година.

На листата потоа следат Volkswagen T-Roc, со 111.381 единици, што е еднаков резултат на ланската продажва за првото полугодие од годината и