DMC Lamborghini Revuelto со 1115 КС

Познатата тјунинг куќа DMC го претставува модифицираното Lamborghini Revuelto со 1115 КС и ексклузивен аеро пакет  од јаглеродни влакна…

DMC Exotic Car Tuning Limited со гордост ја објавува светската премиера на модифицираното Lamborghini Revuelto, со ексклузивен заден спојлер од јаглеродни влакна и сеопфатен аеро пакет(aero bodu kit).

Овој пионерски напредок означува ново поглавје во автомобилската извонредност, отелотворувајќи ја посветеноста на DMC за иновации и перформанси.

Задниот спојлер од карбонски влакна наречен „Molto Veloce“, инспириран од претходната генерација на SVJ, е достапен во два различни стила. Со централната нога (држач), зрачи со агресивен изглед од типот SVJ, додека опцијата без средишната нога ја задржува функционалноста на основниот спојлер, овозможувајќи му да остане активен и мобилен.

Овој спојлер е внимателно развиен од германски инженери, користејќи софтвер за тунели за ветер, при што крилото DMC е TUV сертифицирано, откако беше подложен на опсежни тестови во германска лабораторија за да ја докаже неговата безбедност и целокупниот структурен интегритет.

Покрај впечатливиот заден спојлер, пакетот Stage 1 Carbon вклучува: странични прегради, заден дифузор, странични ретровизори (дизајнирани да се вклопуваат беспрекорно со оригиналниот дизајн на автомобилот) и предна маска.

Компонентите од јаглеродни влакна на DMC се направени со користење на најквалитетни јаглеродни влакна. Овој материјал е познат по својот супериорен сооднос сила-тежина, обезбедувајќи издржливост без да се загрозат перформансите.

DMC Lamborghini Revuelto е опремен со лесен издувен систем од не рѓосувачки челик од ZESAD GmbH во Германија. Познати по прецизното инженерство и бескомпромисниот квалитет, ZESAD издувните системи го подобруваат звучниот профил и перформансите на возилата. Системот е дизајниран да ја намали тежината, со возбудливо возачко искуство кое го подобрува природниот звук на моторот Lamborghini V12.

Во соработка со врвни експерти, DMC разви пакет Chip Tuning кој ја зголемува моќноста на Revuelto на 1115 КС, во споредба со претходните 1015 КС.

Овој тјунинг пакет ги оптимизира параметрите за изведба на моторот, обезбедувајќи поголема моќност и вртежен момент без да се загрози сигурноста.

Ова лансирање е само почеток на иновативното патување на DMC со Revuelta. Фазите  (Stage) 2 и 3 се веќе во развој, ветувајќи повеќе делови и дополнителни стилови на крилата за дополнително подобрување на перформансите и дизајнот на возилото.





НАЈНОВИ