Home Featured Доаѓа Porsche Cayenne EV, но сегашниот Cayenne со SUS мотори ќе остане и по 2030 година

Доаѓа Porsche Cayenne EV, но сегашниот Cayenne со SUS мотори ќе остане и по 2030 година

0
Доаѓа Porsche Cayenne EV, но сегашниот Cayenne со SUS мотори ќе остане и по 2030 година

Porsche објави дека идниот Cayenne EV нема да биде единствениот Cayenne во нивната гама…

Постоечката трета генерација на Cayenne ќе остане во продажба, нудејќи мотори на внатрешно согорување и хибридни погонски опции по 2030 година, со најава дека Porsche ќе продолжи да го подобрува V8 моторот со двојни турбо полначи за да се усогласи со идните регулативи за емисии.

Поради неодамнешните сомнежи за иднината на EV, Porsche потврди дека сегашниот Cayenne ќе остане во продажба заедно со новиот Cayenne EV, нудејќи три варијанти на погонски агрегат – мотори на внатрешно согорување, хибрид и EV – веќе во следната деценија.

Во соопштението на компанијата се вели: „Porche истовремено напредува со развојот на своите моќни модели на хибридни и мотори со внатрешно согорување. До и после 2030 година, успешниот мотор на внатрешно согорување ќе се нуди со три варијанти на погонски агрегат ширум светот“.

Оливер Блуме (Oliver Blume), извршен директор на Porsche AG, потврди дека Cayenne EV ќе пристигне кон средината на деценијата, ветувајќи нови стандарди во сегментот на електрични SUV. Блуме додаде дека клиентите на Porsche „ќе продолжат да можат да избираат од широк спектар на модели со моќни и ефикасни мотори со внатрешно согорување и хибридни модели“ во следната деценија. Ова ќе биде овозможено со „понатамошна надградба“ на актуелната трета генерација, која ќе биде достапна заедно со Cayenne EV.

Ова значи дека Porsche е решена да го задржи моторот со twin – turbo V8. Инженерите од Цуфенхаузен веќе ја подобруваат ефикасноста на погонската група со примена на „обемни технички мерки“. Ова ќе му овозможи на V8 да се усогласи со идните законски барања и да остане во продажба подолго од очекуваното.

Сегашната трета генерација беше претставена во 2017 година и доби голема надградба во 2023 година. Понудата по 2030 година најверојатно ќе бара уште едно дотерување, ставајќи ја на исто ниво со поновите модели.

И покрај обновениот повеќеслоен пристап, извршниот директор на Porsche инсистира дека компанијата е „цврсто посветена на електромобилноста“. Блуме додаде дека нивниот план е повеќе од 80 отсто од продажбата на нивните нови автомобили да биде целосно електрифицирана до 2030 година. Извршниот директор забележува дека тоа може да се постигне „во зависност од побарувачката на нашите клиенти и развојот на електромобилноста во регионите во светот“, покажувајќи дека Porsche внимателно го следи променливиот пазар.

Најавата содржи и фотографии и информации за идниот целосно електричен Cayenne. SUV моделот моментално се тестира на јавните патишта, по „продолжена фаза на дигитален развој и тестирање“. Камуфлираните прототипови ќе патуваат „неколку милиони километри низ светот во екстремни климатски и топографски услови“, обезбедувајќи дека сè ќе биде подготвено за големото лансирање, веројатно некаде во 2025 година.

Porsche потврди дека електричниот Cayenne ќе се базира на архитектурата на VW Group Premium Platform Electric (PPE), интегрирајќи ја најновата технологија во однос на „системи со висок напон, погонски склоп и шасија“. Меѓу целите за развој на новиот Cayenne се „возечките карактеристики на Porche, висок капацитет и стабилно полнење, висока ефикасност и високо ниво на удобност и секојдневна употребливост“.