Дополнителна батерија му дава на Tesla Cybertruck уште 245 километри досег

Tesla конечно ја понуди опцијата која беше најавена на претставувањето на Cybertruck и која значително ќе го зголеми опсегот на овој екстравагантен пик-ап автомобил (камионет)….

Самиот опсег не е јаката страна на оваа Теslа. Независните тестови сугерираат околу 400 реални километри за врвната верзија со три мотори, во споредба со тврдењето на Теslа од 484 километри. Верзијата со два мотори и погон на четири тркала има фабрички опсег од 512 километри, но тоа е сепак буквално со милји помалку од 805-те километри што некогаш ги најави Tesla.

Одговорот на Tesla за секој сопственик на Cybertruck кој можеби е загрижен за опсегот е пакет батерии што го продолжува опсегот што може да се вклопи во товарниот простор каде што зафаќа околу една третина од просторот. Овој навидум паметен додаток овозможува дополнителни 245 километри, што секако е пожелно, но чини и „пиперка“, 16.000 долари, што е приближно цената на малата Mitsubishi Space Star во САД, пренесуваат информативните светски агенции.

Со ова дополнување, досегот може да се зголеми на 756 km за верзијата со два мотори и на 708 km за Cyberbeast со три мотори. Овие се веќе многу долги дострели, но некои автомобили ги постигнуваат без дополнителни батерии. Теslа не откри детали за капацитетот на батеријата, но минатата година InsideEVs пресмета дека оваа батерија ќе има околу 47 kWh корисен капацитет, што може да значи дека тежи помеѓу 250 kg и 300 kg.

Клиентите можат да нарачаат дополнителна батерија сега, но производството нема да започне до 2025 година.

Пакетите ќе треба професионално да се инсталираат во сервисен центар на Tesla. Ова значи дека клиентите нема да можат самостојно да ги отстрануваат или инсталираат кога сакаат.

 





НАЈНОВИ