Ефектите од новите царини веќе се чувствуваат кај кинеските марки на евопскиот пазар

На почетокот на јули оваа 2024 година стапија на сила привремените царини за увоз на електрични автомобили од Кина…

Еден месец подоцна, податоците покажуваат дека тие тарифи веќе се почувствувани во регистрациите на нови автомобили на пазарите на Стариот континент. Кога ги анализираме податоците за регистрациите на нови автомобили за даден месец или за кумулативен период, обично ги споредуваме со истите бројки добиени претходната година за истиот период. Но, интересно е да се анализираат податоците со оние од претходниот месец.

Се мисли на бројот на регистрации на кинески производители во Европа со нивните сеприсутни електрични автомобили во текот на претходниот месец (јуни). Царините, кои во најлошото сценарио достигнуваат и до 37,6 отсто, очигледно имаа директно влијание врз споменатите регистрации, што можевме да го видиме од резултатите од минатиот месец, пишуваат информативните агенции.

Пад на продажбата на електрични автомобили

Факт е дека кинеските брендови изгубија позиции во јули, со продажни бројки за дури 45 отсто помали од оние забележани во јуни, покажуваат податоците од платформата Dataforce врз основа на регистрации од 16-те земји-членки на ЕУ за кои се води евиденција.

Сепак, треба да се има на ум еден важен детал. Во очекување на стапувањето на сила на тарифите, многу кинески брендови ја поттикнаа продажбата во текот на јуни. Според тоа, во шестиот месец во Европа беа продадени 23.000 електрични автомобили, вклучувајќи го секако и пазарот во Велика Британија.

Да речеме дека во Германија бројот на регистрации на кинески трговски марки паднал од 13 на 8 отсто, а во Франција од 8 на 5 отсто.

Во Британија, пак, е забележан благ раст, но европскиот пазар во целина бележи пад.

BYD го ублажува падот на кинеските брендови

И покрај овие бројки, постојат две кинески марки кои сè уште се издвојуваат над останатите: MG и BYD. Двата големи играчи продолжуваат да се подобруваат, со пазарен удел од 8,5 отсто во јули, во споредба со 7,4 отсто една година порано. Сепак, растот е нерамномерен во последните месеци.

Кинескиот производител на автомобили број еден (1) е во полн замав на европскиот пазар. Продавајќи три пати повеќе отколку пред една година во истиот период, иако само електрични и хибридни автомобили. Но и тука исто така, бројките се уште се под очекувањата. Имено, BYD за половина година продал само околу 17.000 автомобили на европскиот пазар. Од друга страна, МG, кој е во сопственост на кинескиот гигант SAIC, забележа пад од 20 отсто. Polestar на Geely падна уште повеќе, за 42 отсто.

Сепак, треба да се забележи дека додека BYD се соочува со најниски тарифи од 17,4 проценти, наметнати од Европската комисија, додека пак MG се соочува со највисока стапка од 37,6 проценти. Меѓутоа MG сè уште најмногу ги „лови“  клиентите со моделите опремени со мотори на внатрешно согорување.





НАЈНОВИ