Кинеската автомобилска компанија Dongfeng лансираше подостапен електричен модел под името Nammi Box на европскиот пазар, кој со продажба стартува во Швајцарија и тоа по цена од 21.990 CHF, односно пресеметано во европска валута околу 23.020 евра…
Овој градски hatchback модел е позициониран како ривал на францускиот електричен градски автомобил – Citroen e-C3, пто во овој момент е еден од нај евтините електрични возила во Европа.
Врз основа на S3 платформата на Dongfeng, автомобилот Nammi Box е долга 402 см.
Се напојува со електричен мотор со моќ од 94 КС, а опремен е со батерија со капацитет од 42,3 kWh и има опсег според WLTP циклусот од некаде до 310 km, со едно полнење на пакетот на батерии.
За споредба, фрацускиот e-C3 има автономија од 320 km, додека батериите се до капацитет на моќ од 44 kWh и мотор што испоралува 113 електрични ждребиња.
Внатрешноста на Nammi Box доаѓа со 12-инчен екран чувствителен на допир, поставен во центарот на контролната табла. Потоа има и 5-инчна дигитална инструмент табла.
Се уште не се откриени детали за проширување на другите европски пазари. Но, како веќе е познато дека кинескиот производител на автомобили, кој е во соспственост на државата Кина, која во моментов е во сериозни преговори со италијанската влада за изградба на фабрика во Италија се чини дека иднината му е обезбедена кога станува збор за пазарите во Европа.
Инаку прегоцворите помеѓу италијанската влада и кинескиот производител на автомобили ( според информациите кои „протекоа“ во медиумите) се водат за производство кое веќе на почетокот би требало да изнесува повеќе од 100.000 возила годишно.
Ова ќе и овозможи на кинеската компанија да ги избегне нови увозни даноци наметнати од Евриопската Унија (ЕУ) за електричните автомобили од кинеско производство