Home Актуелно Европските производители би можеле да бидат еден од губитниците доколку Доналд Трамп победи на изборите

Европските производители би можеле да бидат еден од губитниците доколку Доналд Трамп победи на изборите

0
Европските производители би можеле да бидат еден од губитниците доколку Доналд Трамп победи на изборите

Во услови на трговска војна меѓу Европа и Кина, сега се зголемуваат стравувањата дека трговскиот договор на Европа со САД, исто така, ќе биде доведен во прашање…

Нападот врз Доналд Трамп (Donald Trump) го промовира како главен кандидат за претседателската фотелја и тоа може да резултира со протекционизам, односно фаворизирање на американските стоки.

САД и Европа имаат солиден трговски договор, но тоа би можело да се промени доколку дојде до промена во Белата куќа. Освен тоа, за да ја добие наклоноста на нафтените компании, Трамп ветил дека ќе го „убие“ електричниот автомобил доколку победи на изборите, пишуваат специјализираните магазини.

Една од последиците од обидот за атентат врз Доналд Трамп е падот на акциите на неколку европски брендови.

Како резултат на тоа, бранот на продажба на акции е во тек од понеделникот, бидејќи инвеститорите стравуваат дека ќе продолжат да ја губат вредноста. Porschе, кој е еден од брендовите кои најмногу зависат од извозот, во последните денови забележа пад на акциите за 5,7 отсто.

Северноамериканскиот пазар е најважен за компанијата од Штутгарт: во 2023 година, Porsche продаде 26,9% од автомобилите на тамошниот пазар, пред пазарот во Кина каде пласирал 24,8% од своето производство.

Повеќе од 86.000 модели на брендот беа продадени во САД и Канада минатата 2023 година.