Ферари оддава почест на легендарниот F40 – новиот SC40 е уникатен

Во Маранело, италијанската марка Ферари ги засилува врските со своето богато минато со претставување на моделот **SC40**, кој е создаден како оммаж на легендарниот Ферари F40.

SC40 не е директен наследник на F40 — основа му е моделот Ферари 296 GTB, но каросеријата е целосно редизајнирана.

Неколку дизајнерски детали ги поврзуваат SC40 со F40: страничните отвори за воздух, аголните линии што го одразуваат стилот на Леонардо Фјораванти, како и натписот „SC40“ утиснат на задното крило.

Во внатрешноста, доминираат материјали како што е кевларот, кој го покрива воланот, командната табла, подот и седиштата — јасен знак дека автомобилот носи дух од минатото, но сепак во современа форма.

Ферари најавува дека ќе се произведе само еден единствен примерок** на SC40.

Цената не е официјално објавена, но се очекува да биде значително повисока од основната цена на 296 GTB.

НАЈНОВИ