Ferrari 12Cilindri во сооднос 1:8 чини исто како и Dacia Sandero оригиналот!

Супер автомобилот Ferrari 12 Cilindri е еден од најновите модели и покрај цената од околу половина милион евра, истиот беше распродаден со месеци однапред…

Но, за поклониците на супер автомобилите на брендот со  „исправеното на задни нозе коњче на жолт штит“ во логото, од Маранело. овој примерок е сè уште достапен.

Прекрасниот 12Cylindri доаѓа во црвена боја, а се карактеризира со целосно рачна изработка.

За неговата ексклузибност секако допринесува и податокот дека ќе се произведува само во 199 примероци. А, кога ќе кажеме дека го нуди Amalgam Collection, многумина ќе разберат што во што е „јадецот “.

Имено, се работи за модел на автомобил, кој е во размер на големина со оригиналниот супер спортски модел од 1:8.

Од Amalgam велат дека на развојот на овој модел потрошиле над 3.000 работни часови, а во развојот им помогнал и самиот Ferrari. Сега, тие трошат околу 300 работни часа за да го состават секој примерок, пренесуваат новинските агенции.

Прекрасниот примерок е изработен во Rossa Imola нијанса на каросеријата, додека внатрешноста е во Sterling сина боја.

Компанијата во моментов ни нуди поглед на секој дел од автомобилот освен на моторниот простор. Откако ќе ја погледнете галеријата, фрапантната цената од 13.495 британски фунти, или пак, нешто повеќе од 16.100 евра, е некако полесно да се проголта.

Тука е и уште една „поволност“, станува збор за можност за отплата на оваа минијатура на четири рати.

За оние со поскромни апетити, односно за тие на кои моделот долг речиси 60 см., е премногу скап, се нуди и уште пома модел на автомобилот во сооднос на големина со оригиналот од 1:18.

Во тој случај цената е многу поприфатлива и изнесува „само“ 985 британски фунти, или нешто помалку од 1200 европски банкноти.





НАЈНОВИ