Ferrari 250GT California Spider продаден за 17 милиони долари

Велат дека класичните спортски автомобили се како старо вино, односно дека со годините станиуваат се повредни и по ценети, особено ако се во одлична соастојба, а таков е случакот и со вој примерок на спортскиот автомобил од ергелето во Маранело…

Првото Ferrari 250 GT SWB California Spider, дизајнирано од компанијата Pininfarina, чија каросерија е произведена од компанијата Carrozzeria Scaglietti, е продадено на аукција во Монтереј за 17.055 милиони американски долари. Да точно го прочитавте износот на суната во американската „зелена“ валута.

Имено, од сите модели на Ferrari малкумина имаат поголем легендарен статус од серијата 250.

Овој автомобил бележел огромен успех во трките во 1950-тите години, а калифорнискиот увозник Џон фон Нојман (John von Neumann  ) предложи Ferrari да произведе верзија без покрив што може да се користи и за секојдневно возење, како и за настапи на тркачките патеки.

Недолго потоа се роди моделот 250 GT LWB California Spider, чие производство беше ограничено на 50 примероци.

Ferrari тогаш одлучи да произведе друг California Spider заснован на пократка платформа со меѓуоскино растојание од 2.400 mm.

Произведени се само 56 примероци, а овој со број на шасија #1795 GT е првиот од нив.

Автомобилот беше изложен на саемот за автомобили во Женева во март 1960 година, пред да биде вратен во фабриката, опремен со црна внатрешност и испорачан на купувачот.

Се возел на различни познати тркачки патеки, вклучувајќи го и Нирбургринг, пред да биде продаден и транспортиран во САД.

После тоа смени неколку сопственици, меѓу кои и извршниот директор на Fillip Morris, а претходниот сопственик го додаде истиот во својата колекција во 2008 година.

Не само што ова е првото произведено Ferrari 250 GT SWB California Spider, туку ова е и еден од трите примери што добија тркачка верзија на познатиот мотор на Ferrari Tipo 168 V12.

Автомобилот има и ретки покриени фарови и фабрички тврд покрив, а купувачот доби и Ferrari Classiche Red Book, односно сертификат дека го има оригиналниот мотор, менувач и погон.





НАЈНОВИ