Ферстапен преминува во Мерцедес?

Италијанскиот „Скај Спорт“ објави дека според нивните информации четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, одлучил да го напушти Ред Бул и да се пресели во Мерцедес.

Холанѓанецот, наводно, ја прифатил понудата на Тото Волф и постигнале усмен договор, меѓутоа, дел од раководството на Мерцедес сè уште не ја одобрила одлуката.

Според шпекулациите, се очекува Џорџ Расел првиот пилот на Мерцедес да го напушти тимот  и да му го отстапи местото на Ферстапен, додека Андре Кими Антонели и во следната сезона ќе биде вториот пилот на германската екипа.

Овие информации се уште не се потврдени, ниту демантирани од Ферстапен, ниту од неговиот сегашен тим Ред Бул, со кој пилотот има договор до 2028 година.

 

НАЈНОВИ