Fisker поднесе барање за банкрот

Fisker веќе неколку месеци беше на работ на колапс, а сега производителот на електрични возила поднесе барање за стечај (банкрот) откако остана без пари…

Компанијата тврди дека има имот во вредност од 500 до 1 милијарда американски долари, но и обврски од 100 до 500 милиони долари.

Според судската пријава во Делавер, каде Fisker поднесе барање за стечај во Поглавјето 11, компанијата проценува дека има меѓу 200 и 999 доверители.

Во соопштението, Fisker рече: „Како и другите компании во индустријата за електрични возила, се соочивме со различни пазарни и макроекономски спротивставени ветрови кои влијаеја на нашата способност да работиме ефективно.

По евалуацијата на сите опции за нашиот бизнис, утврдивме дека продолжуваме да ги продаваме нашите средствата според Поглавје 11 е најиздржливата патека за компанијата“.

Кон крајот на февруари, Fisker предупреди дека може да остане без пари во следните 12 месеци, но тоа се случи за само четири. Испорача само 4.929 возила во 2023 година и покрај тоа што потроши 904,9 милиони долари за оперативни и капитални расходи.

Производството на електричниот crossover модел Ocean во фабриката Magna Steyr во Австрија беше прекинато во средината на март 2024 година.

Подоцна во мај, извршниот директор на Magna International, Свами Котагири (Swamy – Seetarama Kotagiri)и главниот финансиски директор Пат Мекена (Pat McCann), предвидоа дека производството нема да продолжи.

Fisker поднесе барање за реорганизација и во Австрија, каде Магна Штајр (Magna Steyr ) отпушта 500 работници.

Fisker, исто така, неодамна ја намали основната цена на Ocean од 38.999 долари на 24.999 долари во очајнички обид да најде купувачи за непродадените автомобили.

Сепак, некои компании, наводно, сè уште биле заинтересирани за Fisker. Business Insider го цитираше извршниот директор Хенрик Фискер  (Henrik Fisker) кој на крајот на април изјави дека четири производители на автомобили се заинтересирани за купување на компанијата.

Еден од тие производители наводно бил Nissan, но очигледно договорот пропаднал.

Ова не е првпат компанијата основана од Хенрик Фискер да пропадне. Fisker Automotive, оригиналната компанија зад Fisker Karma, поднесе барање за стечај во ноември 2013 година.

Тој автомобил се уште е присутен на пазарот и го продава друга компанија, Karma Automotive, во сопственост на добавувачот на авто делов од Кина Wanxiang Group Вториот го купи имотот на Fisker Automotive за 149,2 милиони американски долари на стечајна аукција пред околу 10 години.





НАЈНОВИ