Флотите на EV помалку исплатливи од бензинските и дицелските

На големите европски пазари, електричните флоти се поскапи за одржување/користење од флотите со бензинските и дизелски возила…

Додека од една страна, некои производители прават се што можат за да понудат електрични возила кои се сè подостапни, од друга страна, на компаниите електричните автомобили им се се` помалку интересни.

Мислиме на купувачите на флоти на автомобили со голем возен парк. Ова доаѓа од Водичот за мобилност за 2024 година објавен од Ayvens, подружница на Société Générale специјализирана за лизинг и управување со возниот парк за компании.

Додека во Европа TCO (вкупниот трошок за сопственоста на возилото), кој се однесува на сите трошоци поврзани со сопственоста и користењето на возниот парк, продолжува да ги фаворизира електричните возила во споредба со моторите со внатрешно согорување, во Франција, од друга страна, овите трошоци се зголемени . Сличен случај има и во Шведска и Шпанија. Кривата навистина е превртена во споредба со минатата година, со TCO од 0,45 €/km (евра/на километар) за електричен автомобил, што е благ пораст, додека за возило со внатрешно согорување беше 0,43 €/km. Ова е просекот извечен од договорите со важење од 48 месеци, или изминати 120.000 км, пренесуваат специјализираните портали.

Како може да се објасни овој пресврт? Аyvens дава две причини. Првиот е крајот на еколошкиот бонус за компаниите во февруари минатата година, со што се зголемија цената на електричните возила. Втората причина е што цените на енергенситe (eнергијата – струјата) се зголемени и ги оптоваруваат сметките на компаниите.

Од друга страна, во студијата не се споменува ништо за преостанатата вредност, за која се знае дека е помала за електрично возило отколку за возило со внатрешно согорување. Секако ова последното може да има уште понегативно влијание врз TCO во иднина.

Какои и да е тоа е „само“ уште една лоша вест за производителите на електрични возила, бидејќи при обновувањето на возниот парк, компаниите гледаат на секој цент…

 





НАЈНОВИ