Ford повлекува 85.000 полициски Explorer возила за пресретнување

Ford повлекува приближно 85.000 полициски „пресретнувачи “, од типот Explorer во САД поради можен дефект на моторот и потенцијални избувнувања на пожари…

Како што пренесуваат информативните агенции, Националната управа за безбедност во сообраќајот (NTHSA) објави дека повлекувањето опфаќа возила произведени од 2020 до 2022 година со хибриден погонски склоп, кој како основа го има  3,3-литарски бензински мотор.

NHTSA изјави дека, во случај на дефект на моторот, големи количини на пареа од масло или бензин може да истечат од под капакот на моторот (хаубата) и да се акумулираат во близина на изворот на топлина, што потенцијално ќе предизвика пожар.

Агенцијата соопшти дека имало 13 извештаи за пожари на мотори во Северна Америка од 9 јули.

Во Ford не знааат за какви било несреќи или повреди поврзани со оваа состојба, се вели во извештајот.

Производителот на автомобили ќе испрати писмо до сопствениците на возила за да ги информира дека истрагата е во тек и дека ќе бидат контактирани кога ќе бидат достапни дополнителни информации, објави агенцјата АР.

Во писмото Ford ќе ги советува клиентите безбедно да го паркираат возилото и да го изгаснат моторот што е можно поскоро доколку почне да испушта неочекувани звуци.

 





НАЈНОВИ