G-Power BMW M2

И тјунинг компанијата G-Power нуди засилен BMW M2, кој во фабричкото издание го придвижува 3.0-литарски со шест цилиндри и twin-turbo технологија бензински мотор со моќ од 480 КС…

Послабиот пакет G-Power подразбира зголемување на моќта до 592 КС, како и подигање на максималниот вртежен момент на 720 Nm.

Следува надградбата на средно ниво со зголемена моќност на 641 КС и 780 Nm максимален вртежен момент.

Врвната верзија на гамата на G-Power за моделот M2 на Баварците, нуди зголемување на моќноста од дури 690 КС и 840 Nm максимален вртежен момент. Во случајот на овој автомобил, од втората генерација на BMW М2, тој има поставка со централно монтирани завршетоци на цевките за издувните гасови.

Во кратките вести нема информации за забрзување од 0, до 100 km/h, ниту пак за  максималната брзина.

Наведено е уште и дека пакетот вклучува и тркала со големини од 20 и од 21 инчи, пота гуми со димензии 285/30R20 и 295/25R21, како и задно крило од јаглеродни влакна.





НАЈНОВИ