Geely Galaxy E5 за само 20 дена со повеќе од 12.000 продадени возила

Електричниот SUV модел Galaxy E5 на Geely инстантно влијаеше на кинескиот пазар, постигнувајќи значителни продажни резултати веднаш по неговото лансирање…

Лансиран на 3 август, Galaxy E5 испорача повеќе од 10.000 единици во првите 20 дена. До 26 август, кумулативната продажба надмина 12.000 единици, што укажува на голема побарувачка за овој нов модел во Кина.

Galaxy Е5 започнува од 109.800 кинески јуани (околу 15.400 американси долари) по попуст од 3.000 јуани за прите купувачи. Се одликува со батерија со литиум железо фосфат Aegis и инфозабавен систем Flyme Auto на Meizu. Возилото нуди прилагодување и е достапно во осум бои, вклучувајќи ги Meizu боите: розовата, зелената, белата, сребрената, црната и сината.

Овој SUV модел нуди две опции на батерии: батерија со капацитет од 49,52 kWh со досег од 440 km и батерија со капацитет од 60,22 kWh што го продолжува опсегот на 530 km.

Oplus_1048576

Овие конфигурации задоволуваат различни потреби за возење, без разлика дали се за секојдневно патување или за подолги патувања.

Во однос На големината Galaxy E5 има должина од 4.615 mm, ширина 1.901 mm и висина 1.670 mm, а располага со меѓуоскино растојание од 2.750 mm, што го става во категоријата на компактни SUV модели.

Oplus_1048576

Напојуван од електричен мотор со максимална моќност од 160 kW, Galaxy E5 забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди.

Неговиот коефициент на отпор на воздухот од 0,269 Cd придонесува за неговата вкупна ефикасност. Аеродинамичниот дизајн и напредните материјали на возилото ги подобруваат перформансите и структурната цврстина.

Во внатрешноста, Galaxy E5 нуди практично и пространо опкружување.

Со внатрешен простор од 4,03 квадратни метри и дури 33 прегради за складирање, возилото е дизајнирано за различни секојдневни потреби, зголемувајќи ја функционалноста на SUV моделот за возачите и за патниците.

oplus_3145728

Го очекуваме Geely Galaxy E5 и на пазарите во регионот некаде на почетокот на наредната 2025 година.

 

ПР Geely





НАЈНОВИ