GeigerCars C8 Corvette

Германскиот тјунер GeigerCars одлучи да ја одбележи својата 45-годишнина со ограничена едиција Chevrolet Corvette Stingray, со подобрени перформанси и впечатлив стил…

Како прво, агрегатот со работен волумен од 6,2-литри со осум цилиндри поставбени во форна на латинската буква V под хаубата на супер спортскиот автомобил сега има на располагање моќност од 522 КС и 652 Nm максимален вртежен момент.

Има и спортски издувен систем, посилен систем за сопирање (дискови со дијаметар од 378 mm и  од 355 mm), модифицирана KW суспензија, аеро каросерија (aero body kit) од јаглеродни влакна (преден сплитер – разделник, отвори за воздух, заден спојлер) и нов сет OZ Ultraleggera HLT тркала во боја на бронза како контраст на зелената боја на автомобилот.

Конечно, седиштата беа обложени со кожа во нова светло-кафена боја, додека другите делови од кабината добија светло-беж (крем) контрастни шевови.

Станува збор за лимитирана серија, каде еден ваков автомобил на германскиот пазар стартува по цена од 149.900 евра.





НАЈНОВИ