Home Претставуваме Genesis GV60 Magma потврдено за следната година

Genesis GV60 Magma потврдено за следната година

0
Genesis GV60 Magma потврдено за следната година

Genesis потврди на фестивалот на брзина во Гудвуд дека првиот автомобил од нивната нова под-марка Magma ќе биде лансиран во втората половина на наредната 2025 година…

Поточно, моделот GV60 Magma, близок роднина на Ioniq 5 N на Hyundai, ќе започне да се произведува есента идната 2025 година.

Продажбата во Кореја ќе започне приближно во исто време, но Европа нема да ги добие своите автомобили до крајот на 2025 година, а американските купувачи можеби ќе треба да чекаат уште подолго.

Заедно со GV60 Magma Concept, Genesis ги донесе G80 EV Magma Concept, GV80 Coupe Concept и G70 Track Taxi Nordschleife на фестивалот во Гудвуд (Goodwood Festival of Speed).

Genesis сè уште не откри многу технички детали за GV60 Magma, велејќи само дека концептот се одликува со „напредна технологија за батерии и мотори“.

Покрај тоа, GV60 Magma е понизок од стандардниот модел и се одликува со ревидирана предна табла, заден спојлер, ревидирани браници, покривни перки, тркала од 21 инчи, како и кожна внатрешност со портокалови контрастни шевови и наслони на седиштата во боја на каросеријата.

Сепак, се претпоставува дека GV60 Magma ќе биде многу блиску до Ioniq 5 N, кој има моќ до 650 КС (со два електромотори и погон на четири тркала).

„ Genesis Magma претставува возбудлива можност да се поместат границите на перформансите и луксузот кај возилата со високи перформанси, со крајна цел да се развијат модели ексклузивни за Genesis“, рече главниот креативен директор на Genesis, Лук Донкерволке ( Luc Donckerwolke). „Брендот ќе продолжи да открива експериментални концепти со внимателно разгледување и на технолошките и на естетските елементи.

Иако брзината и перформансите се важни, програмата Genesis Magma ќе изгледа подалеку од тоа, давајќи приоритет на искуството во возењето за да ја разгори радоста на спортското возење со удобност без напор“.