Ginetta Akula

Малата британска компанија Ginetta конечно подготви сериска верзија на својот долго најавуван спортски модел Akula…

Akula има атмосферски бензински мотор со работен волумен од 6,4 литриво конфигѕрација со осум (8) цилиндри поставени во форма на латинската буква „V “, со моќност од 608 КС и 670 Nm максимален вртежен момент. Погонот е на задните тркала, а силата се пренесува преку LSD диференцијал и седум (7)-степен менувач со двојна спојка или со шест (6)-брзински мануелен менувач. Перформансите се супериорни. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,9 секунди.

Исто така треба да наведеме и дека за овој супер спортски автомобил долг 464 см, Ginetta превиди монокок изработен од јаглеродни влакна, челичен заштитен кафез, како и систем за информации и забава и Apple CarPlay.

Познато е и дека овој спортист со маса од 1190 килограми (без течности) ќе може да достигне максимална брзина повисока од 290 km/h, додека како опција ќе се нудат карбон-керамички сопирачки.

Распределбата на тежината е нормално 50 / 50 проценти (напред/назад), додека тркалата се со големина од 20 инчи обуени во пневматици со димензиии 265/35 напред и 305/35 назад.

Планирано е ограничено производство од само 20 примероци, по цена од 275.000 британски фунти.





НАЈНОВИ