Golf I GTI – Kултот доби нов изглед

Секоја од претходните верзии на „Golf“ на Volkswagen имаше спортска верзија на GTI, но Golf I GTI остана најголемиот култ до ден-денес…

Еднаш годишно се среќаваат фанатиците на тој култ, а манифестацијата сега е значително променета. Култната средба на љубителите на спортската верзија на Golf, по повеќе од 40 години, не се одржа на езерото Вeрт (Wörthersee) Австрија, туку во Волфсбург. Градот го гледа собирот на ентузијастите на GTI како можност да се претстави – со детска програма, изложбени возила и автомобилска парада со 300 возила. Така, по откажувањето на овој настан во Австрија, љубителите на овој автомобил се собраа директно на местото на производство во Германија.

 

„Не само што е икона на GTI, туку овој состанок стана култ низ децениите“, вели извршниот директор на Volkswagen, Томас Шafer (Thomas Schäfer). „За нас е важно да и дадеме нов дом на GTI заедницата во Волфсбург, срцето на нашиот бренд“, рече тој.

Австриската заедница на љубители на Golf GTI минатата година објави – по повеќе од 40 години – дека повеќе нема да има култен настан на езерото Верт. Со 100.000 посетители, едноставно стана преголем за мало место, го доведе до границите на својот капацитет, а се повеќе луѓе почнаа да се спротивставуваат.

Меѓу аргументите на противниците беа „последиците од климатските промени, одговорноста на политичките лидери за зачувување на екосистемот и потребата да се дејствува во согласност со принципите на одржливост на сите нивоа“.

GTI-средбите стануваат „Fanfest“

Така, VW објави дека од 2024 година состанокот ќе се одржува секоја година во Волфсбург – под ново име и со изменет концепт. „Тоа веќе не е состанок на GTI, туку Фанфест (Fanfest)“, вели водачот на проектот Сандер Тјердсма (Sander Tjeerdsma). Затоа сега се нарекува GTI-Fanfest. „Нашата цел не е да го копираме езерото Вeрт. Тоа не го сакаме и не можеме.

Покрај GTI-ентузијастите со „фризирани“ возила, тие сега сакаат да привлечат и други ентузијасти за автомобили, како и семејства со деца За нив е организирана обемна детска програма, многу поголема од порано во Австрија. За нив тука се „банџи –трамбулина“ и фудбалски камп прикажани се бројни изложбени возила со посебен дизајн. Крајот на тридневната средба се завршува со дефиле на 300 возила низ погоните на Volkswagen.

Историјата на VW Golf и верзијата GTI

VW Golf се произведува во Волфсбург (Wolfsburg) од 1974 година, а спортската верзија GTI следеше две години подоцна. „Посебно ми е драго што можевме да го преселиме легендарниот GTI состанок во Волфсбург токму во годината кога Golf го слави својот 50-ти роденден“, рече Томас Шефер, мислејќи на јубилејниот датум на крајот на март. „Тоа совршено се вклопува (Perfect Timing)“.

Фановите на GTI се собраа за прв пат на езерото Верт, во Австрија во 1982 година. VW стана официјален главен спонзор во 2006 година. Годишниот состанок самиот концерн го искористи за премиери на возила и презентација на особено спортски новитети. На настанот доаѓаче и до 200.000 посетители за да уживаат во „фризираните“ VW Golf  креации, а секогаш имало и други модели како Polo или Scirocco.

Последната средба беше одржана во 2019 година, а во следните три години настанот беше откажан поради пандемијата на корона вирусот, а општината го објави конечниот крај на настанот во 2023 година.

Меѓутоа, во 2022 година, властите забележале околу 5.000 возила кои – неофицијално – се собрале кај езерото. Полицијата потоа издала 3.700 пријави и конфискувала повеќе од 400 регистарски таблички.

Волфсбург со задоволство ќе стане нов домаќин. „Ова ќе привлече многу фанови на брендот повторно во Волфсбург“, вели градоначалникот Денис Вајлман (Dennis Weilmann). „Тоа е огромна можност за градот. Општината сака со сите сили да го поддржи овој настан, вели политичарот на ЦДУ (CDU-Christlich Demokratische Union ). „Се надеваме дека ќе остане постојан настан во нашиот град.

Извор: Deutsche Welle





НАЈНОВИ