Хипер автомобилот Naran пристигнува кон крајот на месецот

Британскиот Naran Automotive го најави својот хипер автомобил уште на крајот на 2020 година, додека сега доаѓа потврда дека истиот ќе го има своето глобално деби на крајот на овој месец на настанот Salon Privé….

Најавата го опишува Naran како хипер купе (hyper Coupe) со конфигурација на седишта 2+2, а инспирирано од серијата GT3, каде автомобилот ќе го придвижува twin turbo бензински мотор, со работен волумен од 5.0 литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што ќе испорачува моќ од 781 kW/1063 КС.

Таквата конфигурација ќе му обезбеди супериорни перформанси: Забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) трае само 2,3 секунди, а до 200 милји на час (322 km/h) се постигнува за 16,5 секунди.

Компанијата наведува и дека овој автомобил ќе биде „најбрзиот неелектрифициран модел со четири седишта во светот“.

Со дизајнот се занимаваше Џовин Вонг (Jowyn Wong), кој исто така беше одговорен за изгледот на моделите како што се Apollo IE и De Tomaso P72.

„Нашите автомобили имаат за цел да им понудат на клиентите неспоредливо управување и интензивни перформанси“, вели Амер Наран (Ameerh Naran), основач и извршен директор на Naran Automotive.

„Надвор од сè што некогаш сонувале во автомобил, во однос на естетиката, луксузот и искуството во возењето“.

Што се однесува до цената, во зависност од желбите на клиентите, таа ќе се движи од околу два (2) милиони евра па нагоре, додека серијата е ограничена на само 39 примероци.

 





НАЈНОВИ