Honda Odyssey за моделската 2025 година

Honda го подготви миниванот Odyssey за моделската 2025 година, воведувајќи промени во стилот, напредна технологија и поедноставена структура на ниво на опременост…

Секое ниво на опременост сега може да се пофали со ново дизајнирани тркала, а врвната Odyssey Elite има нов сет со гоемина од 19 инчи. Палетата на бои на возилото исто така е освежена, со додавање на Solar Silver Metallic и Smoke Blue Pearl бои.

Кабината има стандардна дигитална инструмент табла. Основниот модел сега има поголем екран на допир од девет инчи, што е зголемување за еден инч во однос на претходните модели. Овој ажуриран информативно забавен систем не само што е поголем, туку и побрз, благодарение на помоќниот процесор. Вклучено е безжично поврзување со Android Auto и Apple CarPlay, заедно со дополнителни USB-C порти и во предниот и задниот дел на возилото.

Нивоата на опременост Touring или Elite доаѓаат и со нов систем за забава на задните седишта со екран од 12,8 инчи, кој го заменува постарото поставување од 10,2 инчи. Овој систем вклучува и HDMI порта сместен во внатрешноста на конзолата, која има простор за складирање на уреди за стриминг.

Влезниот EX модел со почетна цена од 39.635 американски долари е исфрлен од понудт, што го прави EX-L нов основен модел со цена од 43.315 долари.

Моделот Sport, сега познат како Sport-L, чини 44.465 долари. Цената на моделот со ниво на опременост Touring изнесув 48.005 долари, додека варијантата Elite чини 52.275 долари.

Под хаубата, моторот останува непроменет, атмосферскиот бензинец со работен волумен од 3,5 литри со шет цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што и понатаму располага со моќ од 260 КС, а е поврзан со 10-брзински автоматски менувач.

Во Јапонија, Honda ја нуди Odyssey со хибриден погон базиран на бензински мотор со работен волумен од 2.0 литри, со четири цилиндри, кој испрачува моќ од 212 КС.





НАЈНОВИ