Замена на акумулаторот на модерни автомобили може да изгледа едноставно, но експертите предупредуваат: неправилната постапка може да ја оштети електрониката на возилото.
Чекори кои мора да се следат:
– Исклучете мотор и електроника – сите потрошувачи на енергија треба да се исклучени.
– Отстранете прво негативниот (-), па позитивниот (+) кабел – ова спречува краток спој.
– Проверете капацитет и димензии – новиот акумулатор треба да одговара на оригиналниот.
– Поврзување: позитивен (+) прво, па негативен (-) – правилниот ред е клуч за безбедност.
Следејќи ги овие совети, замената ќе биде безбедна, а автомобилот ќе продолжи да функционира нормално.