Како може Tesla Model 3 да чини (само) 26.900 евра во Шпанија?!

Најголемиот попуст има на основниот Model 3 со погон на задните тркала, кој може да биде дури 17.000 евра поевтин во споредба со другите европски пазари…

Но, за да се постигне толку ниска цена во Шпанија, потребни се голем број на стимулации.

Придобивките за потенциалните купувачи на овој модел на Tesla Motor во Шпанија вклучуваат владина стимулација од 4.500 евра за електрични автомобили, 2.500 евра субвенција за префрлување од автомобил со мотор со внатрешно согорување, насочена климатска стимулација од 1.210 евра и даночен одбиток од 15 отсто.

Покрај тоа, Tesla дава дополнителен Tesla Boost од 3.290 евра за дополнително зголемување на продажбата во комбинација со владините стимулации, пренесуваат специјализираните магазини и портали.

Теslа неодамна забележа значителен успех во Шпанија. Во првата половина од оваа 2024 година продажбата пораснала за 36 отсто во однос на истиот период минатата 2023, а сега се очекува уште повеќе да се зголеми.

Инаку, Tesla Model 3 во моментов е најчестиот нов електричен автомобил во Шпанија. Дури и SUV креацијата на американскиот производител на електрични возила – Tesla Model Y, во основната верзија со погон на задните тркала, чини само 30.000 евра.





НАЈНОВИ