Кинеската BYD отвора фабрика за автомобили во Турција

Кинескиот гигант за електрични автомобили BYD ќе отвори фабрика во Турција, објави агенцијата АFP, повикувајќи се на извор од турската влада…

„BYD“ ќе отвори фабрика во Турција“, рече изворот, додавајќи дека претседателот Ердоган ќе ги соопшти деталите.

Турските медиуми јавуваат дека во новата фабрика ќе бидат инвестирани една милијарда американски долари.

Веста доаѓа неколку дена откако ЕУ воведе дополнителни привремени тарифи до 38 отсто за кинеските електрични возила по истрагата која заклучи дека кинеските производители добиваат државни субвенции, што неправедно ги поткопува европските ривали.

Автомобилите од турско производство имаат поволен пристап до пазарот на ЕУ во рамките на царинската унија која датира од 1995 година.

Регионот Мармара, околу Истанбул, стана еден од водечките центри на светската автомобилска индустрија.

Големите производители на автомобили, вклучувајќи ги FIAT и Renault, отворија фабрики во областа во раните 1970-ти, а други како Ford, Toyota и Hyundai подоцна го следеа примерот.

Овие компании ја користат позицијата на Турција на раскрсницата меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток.





НАЈНОВИ