Кои автомобили повеќе се расипуваат EV или со мотор на внатрешно согорување?!

Уште еден осврт на во последно време постојано актуелната тема pro и contra во однос на електричните и автомобилите со класични погонски систми- термичките…

Електричните автомобили имаат помалку компоненти од возилата со внатрешно согорување.

Но, така, (барем) е во теорија, има помалку абење на подвижните делови и, потенцијално, помалку дефекти, според „лаичкото“ размислување.

Но, според една неодамнешна студија на американската компанија за истражување на пазарот J.D. Power тоа е многу погрешна претпоставка. Односно,   анализираните податоци и искуствата на сопствениците покажуваат дека електричните автомобили, како и plug-in хибридните возила, бараат повеќе поправки во сите категории, отколку возилата со мотори со внатрешно согорување.

Според една американска фирма за истражување на пазарот, електричните автомобили бараат значително повеќе поправки од автомобилите со моторите на внатрешно согорување.

Електричните автомобили и plug-in хибридите треба да се поправаат три пати почесто од автомобилите со класични термички мотори со внатрешно согорување, пишуваат специјализираните портали.

– Сопствениците на најсовремени, технички одлично опремени возила BEV (електрични возила на батерии) и PHEV (Pluh –in Hybrid возила) се борат со проблеми кои се толку сериозни што го оставаат своето ново возило во употреба три пати почесто отколку сопствениците на возила на бензин – вели Френк Ханли (Frank Hanle), постар директор на Auto Benchmarking во американската компанија J.D. Power.

Причините би можеле да бидат во новите и досега непроверени технологии и софтверската сложеност на споменатите возила.

 

Претходна
Следна




НАЈНОВИ