Комплет Brabus за Smart #3

На почетокот на минатиот месец, германскиот Brabus за прв пат претстави долга листа на опции за електричниот Smart #1 (вклучувајќи елементи за надворешноста, внатрешноста и модификацијата на суспензијата), а сега понуди сличен тјунинг пакет за Smart #3…

Програмата за индивидуализација на Brabus за Smart #3 првенствено вклучува аеро пакет (aero body kit), кој вклучува преден спојлер, комплет прагови, заден дифузер и заден спојлер на покривот.

Има и тркала со големина од 20 и од 21 инчи, како и комплет нови спортски пружини (така што автомобилот е 35 mm спуштен поблиску до асфалтот).

Внатрешноста има осветлени прагови со логото на Brabus, потпирачи за глава со логото на Brabus, алуминиумски педали, како и црни велур патосници со црвени детали кои одговараат на акцентите во останатиот дел од внатрешноста.

Понудата во моментов не вклучува никакви подобрувања на перформансите. Стандардниот Smart #3 доаѓа со еден мотор и моќ од 200 kW/272 КС, додека помоќниот Smart #3 Brabus има два електрични мотори со вкупна моќност од 315 kW/428 КС.





НАЈНОВИ