КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Фиат го гаси Типо– омилениот модел заминува од производствените ленти!“

Фиат типо заминува во историјата по повеќе од една деценија производство. Италијанскиот бренд официјално објави дека производството во фабриката во Бурса, Турција, ќе заврши на 30 јуни 2026 година, шест месеци подоцна од првично планираниот датум.

Причината за повлекувањето е промената на стратегијата – Фиат се фокусира на Сув модели, додека компактните седани и хечбекови постепено го губат своето место на пазарот. Моделот нема да добие директен наследник, а во изминатите години се произведени над 700.000 примероци.

Постоечките залихи ќе останат достапни за купувачите и по прекинот на производството, но нови нарачки ќе бидат ограничени. Со оваа одлука, Фиат го насочува својот фокус кон модерни SUV и електрифицирани возила.

 

НАЈНОВИ