Крај за Mitsubishi Space Star!

И официјално е потврдено дека Mitsubishi Space Star, или како што го нарекуваат Mirage на некои пазари, ќе биде укината, односно веќе нема да се произведува од крајот на тековната 2024 година….

„Space Star запира да се произведува и веќе нема да има модел за наредната 2025 година“, изјави за CarBuzz Џереми Барнс (Jeremy Barnes), директор за комуникации во Mitsubishi, пренесуваат информативните агенции во светот.

Mitsubishi Space Star

Веста уследи по објавувањето во јануари дека производството за јапонскиот пазар завршува, се наведува во инфомациите на ссветските медиуми.

Како мало потсетување ќе наведеме дека Mitsubishi Space Star беше еден од најприфатливите модели за сите тие кои сакаа нов автомобил, но немаа голем буџет. Беше исклучителен избор за почетници, но и како втор автомобил во семејството и со цена која во на почетокот се движеше под 10.000 евра на домашниот македонски автомобилски пазар.

Ова е и нов удар за класата на мали градски автомобили чиј сегмент се повеќе го преземаат SUV и crossover возила.

Заминувањето на Space Star го намалува и бројот на нови автомобили кои можат да се купат за помалку од 20.000 евра.

Иако Mitsubishi Space Star дефинитивно заминува, тоа не значи дека автомобилот ќе исчезне преку ноќ. „Производството ќе заврши на крајот на оваа година и очекуваме да имаме доволно залихи кај трговците на мало до летото 2025 година“, рече Барнс.

 





НАЈНОВИ