Лажирање на километражата е огромен проблем и во Европа

Поправањето (штелување) на километражата на автомобилите или враќањето на километражата е практика која нема крај…

И покрај Регулативата на ЕУ за заштита на километражата (2017), измамата продолжува. Студијата на германскиот автомобилски клуб (ADAC) докажува дека може лесно да се манипулира со километражата на новите автомобили. Не само постарите. Но, некои производители на автомобили покажуваат дека има и друг начин.

Според податоците на полицијата во Германија, секој трет користен автомобил е манипулиран, пренесуваат специјализираните медиуми.

Подесувањето на километражникот најчесто е детска игра и се нуди од 50 евра. На овој начин, измамниците ја зголемуваат вредноста во просек за 3.000 евра по автомобил, мамејќи ги купувачите на половни автомобили или компаниите за лизинг. Проценетата вкупна штета во Германија е околу шест милијарди евра годишно. Покрај ценовна измама, потенцијалниот купувач може да настрада затоа што, на пример, нема навреме да смени запчест ременот, па поради тоа моторот може да претрпи катастрофален дефект.

Манипулирање на покажувачот на изминати километри е тешко да се открие. Повеќето OBD уреди не можат да го направат тоа. Затоа купувачите на половни автомобили треба да проверат дали има несогласувања. Проверете ги потврдите за сервисирање, сервисната документација, податоците на станиците за технички преглед, сметките за гориво (ако се користела картичка за гориво, километражата е прикажана таму) или ознаките за промена на маслото за автентичност. Сменете го маслото најдоцна после 40.000 километри. Значи, ако автомобилот наводно има само 100.000 километри на часовникот, а следната промена на маслото е на 180.000 километри, нешто не е во ред. Кога купувате користен автомобил, внимавајте не само на километражата, туку и на состојбата на автомобилот и условите за работа на претходните сопственици. Возило со ниска километража управувано на кратки градски рути кои повеќе го абат (трошат) возилото бидејќи може да биде под поголем стрес отколку возило со голема километража возено главно на долги патувања. Меморијата на грешки и интервалите за одржување може да се прочитаат во сервисите. Километражата делумно евидентирана во записите за грешки (кои се појавуваат во автомобили) а таа не смее да ја надмине вкупната километража прикажана на таблата со инструменти.

Знаеме, има премногу променливи, но нема алтернатива. Или можете да се препуштите на факторот на среќа за купување половен автомобил.

Ако се сомневате, можете да го проверите датумот на производство на брзинометарот и контролните единици во сервисниот центар. Можно е тие да се оштетени при манипулација, а потоа да се заменат. Брзинометар или контролна единица со година на производство од 2021 година (обично втиснат во куќиштето или залепена со налепница) нема да одговара на возило произведено во 2019 година. Освен ако претходниот сопственик не може да докаже дека е заменет поради дефект. Меѓутоа, во овој случај, многу производители ја пренесуваат вистинската вкупна километража на новата контролна табла.

Регулативата ЕУ 2017/1151 предвидува дека километражата во автомобил мора систематски да се заштити. Законот е во сила од септември 2017 година за новите модели на возила и од септември 2018 година за сите нови автомобили. Но, сè уште недостига детална регулатива за тоа како точно треба да изгледа оваа заштита и кое неутрално тело треба да ја провери. Резултатот е дека измамите продолжуваат.

При оценувањето на релевантните страници (сајтови), експертите на ADAC забележаа дека ова повеќе не важи за новите модели на Audi A3 и VW Golf 8, разумно е да се претпостави дека овие модели би можеле да бидат подобро заштитени од измами од многу други модели, дури и во опсегот на повисоки ценовни класи (полуксузни автомобили).

Audi и Volkswagen тврдат дека чиповите со HSM се одговорни за тешко пробивање нивниот код, односно за подобрата заштита од измама. Инаку HSM е кратенка за Hardware Secure Module, кој е механизам за заштита од местење на километражата.

 





НАЈНОВИ