Home Занимливости Lexus LBX Morizo ​​RR

Lexus LBX Morizo ​​RR

0
Lexus LBX Morizo ​​RR

Најмалиот модел на Lexus, LBX, беше прикажан на саемот за тјунери во Токио на почетокот на оваа година во спортско издание, но тогаш само како концептно возило…

Како и да е, деновиве на на јапонскиот пазар пристигна и сериски (производен) модел.

Наречен LBX Morizo ​​RR, овој автомобил покажува како LBX може да се трансформира со помош на погонската група од GR Yaris.

Претседателот на Toyota, Акио Тојода, одигра клучна улога во создавањето на овој модел и им даде зелено светло на инженерите на Lexus да го создадат врвниот LBX.

Тоа значи дека за погонот се грижи 1,6-литарскиот со три цилиндри турбо мотор со моќност од 224 kW/300 КС и 400 Nm, кој го има и обновениот GR Yaris. Покрај тоа, LBX Morizo ​​RR е опремен и со шест-брзински мануелен и осум-брзински автоматски менувач, како и со погон на четири тркала.

Со маса од 1440 kg LBX Morizo ​​RR забрзува од 0, до 100 km/h за 5,2 секунди.

Кога пак, станува збор за димензиите тие се: должина од 4190 mm, ширина од 1840 mm, висина од 1535 mm, а растојанието помеѓу оските изнесува 2580 mm.

Меѓу измените се издвојуваат предната маска, префинетиот преден браник, 19-инчните алуминиумски тркала, гумите со мерки : 235/45 R19, посилните сопирачки, црвените клешти на сопирачките, различниот заден браник, црниот дифузер и две издувни цевки.

За изменетиот ентериер се предвидени спортски седишта и алуминиумски педали.

Цените во Јапонија започнуваат од 6.500.000 јапонски јени , што пресметано во европска валута изнесува 37.905 евра, додека верзијата „Bespoke Build“ со дополнителни опции за прилагодување чини 7.200.000 јени , односно околу 41.985 евра.

Ова последното специјално издание е ограничено на серија од само 100 единици, што се понудени само преку систем на лотарија.

Испораките до клиентите во Јапонија започнуваат на крајот на наредниот месец – август.