Lexus сака да ги постигне возни карактеристики на Audi, BMW и Mercedes

Марката Lexus се споредува со германските премиум ривали од 2018 година до денес и за тој временски период отктил што е тоа што му недостасува во однос на конкуренцијата…

Иако Lexus доби значајна позиција во Америка, не е во состојба да ги достигне германските премиум брендови на пазарите на Стариот континент. Ако исклучиме неколку спортски модели, остатокот од гамата навистина нема динамичен дух. Сега Lexus сака да го промени тоа.

Под брендот на Тојота навистина во вид на луксузни креации со пософистицирана и поквалитетна изработка, се споредуваше со германските ривали во последните шест години. Се досега, кога забележаа дека им недостига германска цврстина, пишува Automotive News Europe.

Поточно, станува збор за крутоста (ригидноста – цврстината), па така Lexus веќе постави засилувања во сите модели достапни во Европа. Сега сакаат да постигнат слична возна динамика кај сите модели и на тој начин да го дефинираат новиот карактер на Lexus со спортски потпис, истакнуваат медиумите од Стариот континент.

„Ние се стремиме кон истиот вкус на возење, без разлика кој модел на Lexus го возите“, изјави за Auto News Тошинори Ито (Toshinori Ito), шеф на проектот за одделот за развој на чувствителни перформанси на Lexus.

Во исто време, Тошинори признава дека главно го зајакнале задниот дел на возилото, не разбирајќи целосно поврзаноста помеѓу крутоста (цврстината) на телото и положбата на возилото додека возите. „Научивме за тоа проучувајќи ја конкуренцијата. Откако го сфативме сето тоа, стекнатото знаење у умеење сакавме да го додадеме на сите модели на Lexus.

Електричниот RZ доби дополнителни структурни елементи напред кога започна со производство во 2022 година, додека crossover моделот NX доби предна модификација во 2023 година и доби подобрувања на задниот дел оваа година. „Можеме да потврдиме дека тоа може да се направи преку линијата“, изјави Ито за Auto News.

Овие промени ќе бидат целосно имплементирани низ целата производна линија на луксузниот под – бренд на Toyota. Секако целиот тој процес на прилагодување може да потрае со години бидејќи некои надградби бараат поопсежни промени на шасијата, а со самото тоа и на процесот на производство. Сепак, сето тоа е добра вест не само за приврзаниците на марката туку и за сите тие кои уживаат во возењето.





НАЈНОВИ