Lotus Theory 1 Concept

Lotus го претстави новиот концепт наречен Theory 1, најавувајќи ја својата целосно електрична иднина…

Станува збор за електричен супер автомобил со моќ од 1.000 коњски сили, погон на сите четири тркала и целна тежина под 1.600 kg (околу 300 kg помалку од Evia), благодарение на употребата на јаглеродни влакна.

Се вели дека дизајнот е инспириран од Esprit, при што Theory 1 Concept 1 се одликува со остар профил во облик на клин со тенки фарови во форма на бумеранг, како и заден дел со ултра тенки задни светла, висок спојлер и огромен дифузер.

Автомобилот има три седишта, централно лоцирано седиште за возачот и седишта од двете страни за патниците.

Внатрешноста е опремена со head-up дисплеј и екрани до секој А-столб наместо странични ретровизори.

Има и звучници вградени во потпирачите за глава на секое седиште со помош на 3D печатена решеткаста структура.

Tука се и така наречените копчиња „на барање “ (on demand), формиран од она што е опишано како „реактивен текстил“ што зафаќа површини долж кабината, може да прикажува копчиња кога е потребно или да ги отстранува кога не е потребно.

Што се однесува до другите детали, Theory 1 Concept има батерии со моќност од 70,0 kWh кои обезбедуваат домет со едно полнење на батериите од 402 km. Компанијата предвидува и време на забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 2,5 секунди и максимална брзина од 320 km/h.

Во однос на димензиите, Theory 1 Concept е долг 4490 mm, широк 2000 mm, висок 1140 mm и има растојание помеѓу оските од 2650 mm.

Конечно, тркалата се со големини од 20 и од 21 инчи во пречник, а обуени се во гуми Pirelli P-ZERO Elect со димензии 265/35 R20 и 325/30 R21.





НАЈНОВИ