Manhart Mercedes-AMG GLE Coupe

Mercedes-AMG GLE 63 S 4Matic Coupe „падна “во рацете на експерти од тјунинг компанијата Manhart и така се роди проектот GER 800…

Автомобилот овде добива широк комплет за каросерија (wide body kit), поголеми тркала, нов издувен систем, модифицирана суспензија и поголема моќност.

Бензинскиот мотор со работен волумен  од 4.0 литри со twin turbo техологија, во конфигурација со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, дело на експертите на AMG, сега испорачува моќност од 588 kW/800 КС и 1000 Nm максимален вртежен момент, што претставува зголемување од 138 kW/188 КС и 150 Nm вртежен момент, во споредба со стандардниот модел.

Покрај дополнителната моќност, GER 800 има и дотерана суспензија (автомобилот е понизок за 30 мм), аеродинамичен пакет од јаглеродни влакна (продолжетоци на браници, дотерани браници, хауба со отвори за воздух, заден спојлер…), жолти детали, Manhart Concave One тркала со големина од 23 инчи, гуми со димензии 285/35ZR23 напред и 325/30ZR23 на задните, како и изменета внатрешност (кожа, црна Alcantara, жолти шевови, јаглеродни влакна, значки Manhart).

На крајот ќе кажеме дека во оваа куса информација не е спомната цената.

 





НАЈНОВИ