Manhart Toyota Supra GR 550

Toyota GR Supra претрпе уште едно дотерување на Manhart, со најновата креација Supra GR 550 опремена со засилен BMW B58 мотор (стандардно испорачува 340 КС и 500 Nm)…

Накратко, Supra GR 550 доаѓа со  турбо бензиски мотор во конфигурација со шест цилиндри кој овде развива моќност од 550 КС и 770 Nm максимален вртежен момент.

Податоци за забрзување и максимална брзина не се споменуваат во кратките вести.

Пакетот вклучува и преден спојлер, сет странични прагови, заден дифузер, заден спојлер, спортски издувен систем (FI Exhaust со црни издувни цевки), суспензија KW, 20-инчни Concave On алуминиумски тркала, H&R дистанциали, украсни ленти, црвени детали и префинет ентериер по желба на клиентот.

 





НАЈНОВИ