Mansory Audi RS7 Sportback со повеќе од 1000 КС

Уште еден Audi RS7 Sportback помина низ пакет промени во германската тјунинг куќа Mansory, а овој пат тоа е RS7 Sportback Performance…

Mansory Audi RS7 доаѓа со аеро каросерија (aero bodu kit) од јаглеродни влакна (преден спојлер, отвори за воздух, странични прегради, заден дифузор, спојлер на багажникот, спојлер на заден покрив…), спортски издувен систем, како и нови тркала и портокалови клешти на сопирачките.

Внатрешноста е во портокалова кожа, со црни контрастни шевови и портокалови безбедносни појаси.

Погонската единица е турбо бензински мотор со работен волумен од 4.0-  литри, со twin turbo технологија, а пристгнува, во конфигурација од осум (8) цилиндри што се поставени во форма на латинската буква V. Тука треба да се истакне дека тјунерот му ја зголемил моќност до впечатливи 1050 КС и 1200 Nm максимален вртежен момент, додека забрзувањето од 0-100 km/h е под 3,0 секунди.

 





НАЈНОВИ