Mansory Gronos & Mansory Grande Entrée

Во навистина богатата палета на тјунинг-куќата Mansory, има неколку интересни креации базирани на класата Mercedes G…

Во овој случај, тие се два модифицирани примероци на Mercedes-AMG G63, наречени Mansory Gronos и Mansory Grande Entrée.

Понудата на Mansory вклучува нов кит за каросерија (body kit): нов преден браник со интегрирани LED светла, проширување на калниците, странични прагови, хауба од јаглеродни влакна, ретровизори од јаглеродни влакна, заден спојлер на покривот, заден дифузер, таканаречени задни врати за самоубиство (на Grande Entrée верзија), капак на резервното тркало Mansory, дополнителни покривни светла, комплет нови тркала (до 24 инчи), нов издувен систем со странични издувни цевки, префинет ентериер oблагороден со кожа, нов волан, педали од легура, елементи од јаглеродни влакна, како и пакет за засилување на моторот.

Станува збор за турбобензински агрегат со работен волумен од 4.0-литри, во конфигурација со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V “,што сега располага со моќност од дури 820 КС и 1150 Nm максимален вртежен момент. Поради тоа и перформансите се супериорни: Забрзувањето од 0 до 100 km/h  се постигнува за само четирисекунди.

Во оваа куса вест не се споменува ништо за цената, но се вели дека секој од овие модели е ограничен на осум примероци.





НАЈНОВИ