Mansory Ineos Grenadier

Ineos Grenadier беше подложен на тјунинг третман во компанијата Mansory, а резултатот можете да го видите подолу…

Накратко, во оваа прилика возилото доби компоненти од јаглеродни влакна (на предниот дел, на хаубата, потоа на покривот, над лаците на калниците…).

На сето тоа за повпечатлив настап се надоврзуваат и: дополнителни светла на покривот, комплет црни тркала, капак на резервното тркало на Mansory.

Изменета е внатрешноста (впечатлива обоена кожа, бели безбедносни ремени, детали од јаглеродни влакна).

Исто така е работени и на погонската единица така што моторот е засилен.

Така конструкцијата со шест цилиндри со ознака B58 на баварскиот пеизводител на премиум возила- BMW наместо 286 КС и 450 Nm максимален вртежен момент, сега има моќност од 350 КС и 560 Nm вртежен момент.

Но сликите кажуваат поеќе одошто тоа го прават зборовите.

Затоа птука се интересните фотографии од оваа преработка на познатиот тјунер.

Вистинско уживање за вљубениците во моќните креации на четири тркала.





НАЈНОВИ