Mercedes-Maybach S 580 Night Edition

На јапонските купувачи им е понудена ограничена серија на веќе и така ексклузивниот седан Mercedes-Maybach S 580…

Mercedes-Maybach S 580 Night Edition е ограничен на само 30 единици со цени кои започнуваат од 44 милиони ¥ (јапонски јени) или пресметано во европска валута 260.470 евра.

Сите примери имаат иста двобојна надворешност, во комбинација од Onyk Black и Mojave Silver. S 580 Night Edition, исто така, има акценти во темно розово злато на предната решетка, предните отвори за воздух, рачките на вратите и на други места.

Нагласувањата, односно акцентите од темно розово злато продолжуваат низ задниот дел и ги вклучуваат издувните цевки и облогата на задниот браник.

Исто така, 20-инчните алуминиумски тркала имаат седум главни краци, а меѓу нив се наоѓаат десетици мали амблеми на Maybach.

Луксузниот ентериер има бела кожа на седиштата, панелите на вратите, централната конзола и тунелот за пренос.

Има и црна конзола под екранот за информативно забавниот систем. Тоа не е само обична пијано црна површина бидејќи вклучува мали амблеми на Maybach.

Моторот е со работен волумен од  4.0-литри, со двоен( twin) – турбо полнач, во конфигурација со осум (8) цилиндри, поставени во форма на латинската буква V, заедно со 48-волтен благ (mild) хибриден систем и испорачува моќ од 496 КС преку погон на сите тркала.

Јапонските медиуми јавуваат дека Mercedes, доколку бидат поднесени повеќе од 30 апликации за купување на автомобилот, ќе одржи лотарија за да одлучува за среќните сопственици.

Првите испораки се закажани за јули (наредниот месец) во оваа 2024 година.





НАЈНОВИ