MG го најавува целосно електричниот компактен SUV модел S5, кој се базира на истата платформа како и MG Mulan…
MG S5 е долг 4476 mm, широк 1849 mm, висок 1621 mm, со растојание помеѓу оските од 2730 mm, додека тркалата се со големини од 17 и од 18 инчи.
Автомобилот има електромотор со моќ од 125 kW/170 КС, а максималната брзина изнесува 170 km/h.
Тежината, во зависност од верзијата, се движи од 1615 kg до 1740 kg.
Сите верзии користат литиум-железо-фосфатни батерии произведени од SAIC во соработка со CATL.
Следуваат повеќе информации, а продажбата би требало да започне кон крајот на годината.