Мотори со внатрешно согорување во ЕУ по 2035 година?

Европската народна партија (Еuropean People’s Party – ЕPP), политичката група на чело на Европскиот парламент, сака да го ревидира Зелениот договор, кој предвидува забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година…

Како што е познато, од 2035 година сите нови автомобили што ќе се продаваат во Европската унија ќе мора да бидат електрични или да користат водород за погон. Тоа е затоа што од таа година, според одлуката на Зелениот пакт, ќе биде забранета продажбата на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување.

Барем тоа беше првичниот план на Европската унија, бидејќи одлуката на Зелениот пакт може да се смени во корист на задржување на моторите на внатрешно согорување и по 2035 година. Според информациите објавени во публикацијата Bloomberg Европската народна партија, најголемата политичка формација во Европскиот парламент, сака да го ревидира овој пакт со цел да ги заштити компаниите и домаќинствата во Европската унија.

Според информативните игенции од регионов, затоа ЕРР предлага зелениот договор да се трансформира во зелен договор за раст. Преку овој пакт, ЕРР ја одржува својата цел за намалување на емисиите на гас за 55 отсто до 2035 година, но сака да ја постигне таа цел „со помала бирократија и поголема технолошка отвореност“, вели Питер Лиз (Peter Liese, координатор за еколошки политики во партијата ЕРР.

Во Европа постои голема загриженост за зголемувањето на животните трошоци како резултат на преминот кон електрична мобилност. Ова беше една од главните причини зошто на последните избори за Европскиот парламент на 9 јуни се зголеми поддршката за конзервативните, па дури и на крајно десничарските формации.

Минатата година Германија изврши притисок врз раководството на Европската унија да дозволи продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување по 2035 година, под услов да работат на синтетички горива. Најверојатно, ревидираната верзија на Зелениот пакт ќе биде усвоена во 2026 година, а моторите со внатрешно согорување ќе продолжат да постојат и по 2035 година. Прилично е магливо во каква форма ќе преживеат моторите на внатрешно согорување, иако од оваа ситуација изгледа како маргинална работа.

 





НАЈНОВИ