Надграден MG5

Сегашната, втора генерација на MG 5 (во продажба на кинескиот пазар од 2020 година) наскоро добива фејслифт, со најава дека премиерата ќе се одржи на крајот на август на саемот за автомобили во Ченгду…

Пред се, има нов дизајн на предниот дел, сега со впечатлива маска, а амблемот на MG се пресели од маската на работ пред хаубата. Промени има и кај браниците, задните светла и капакот на багажникот, како и дизајнот на алуминиумските тркала.

Должината е зголемена од 4685 mm на 4715 mm, а остана непроменета: ширина 1842 mm, висина 1473 mm и меѓуоскино растојание 2680 mm. Сликите ја покажуваат најмоќната верзија што се нуди, имено MG5 300TGI со 1,5-литарски бензински турбо мотор кој има 181 КС и 285 Nm (спарен со 7-степен менувач со двојна спојка).

Палетата најверојатно ќе остане основна варијанта со 1,5-литарски атмосферски бензински мотор со 129 КС 158 Nm, кој доаѓа со 5-брзински мануелен менувач или опционален CVT.

 





НАЈНОВИ