Најава за KGM Actyon

Корејската компанија KG Mobility (KGM), или порано ( а кај нас се уште по позната) како SsangYong, со комплет официјални слики го најавува својот нов модел Actyon…

Станува збор за SUV модел, кој досега беше познат под интерниот фабрички индекс J120.

Како основа служеше моделот Torрes, со долина од 4705 mm и со растојание помеѓу оските од 2680 mm.

Корејските медиуми пишуваат дека новиот SUV модел Actyon на почетокот на продажбата ќе се нуди со погонска единица од 1,5-литарски турбо бензински мотор, со моќ од 170 КС и во комбинацијасо шест (6) степен автоматски менувач на брзини, а подоцна во гамата ќе биде додадена и хибридна погонска верзија, како (зелена – почиста единица) односно, своевиден одговор на се построгите еколошки стандарди на глобалниот автомобилски пазар.

Други детали (како и слики од внатрешноста) ќе бидат откриени следниот месец ИАвгуст), на настанот за лансирање во Јужна Кореја.





НАЈНОВИ