Најавен Acura EV Concept

Acura најавува нов концепт автомобил со единствена слика што ќе го претстави на Неделата на автомобили во Монтереј….

Комбинирајќи купе-SUV дизајн со целосно електричен погон, оваа студија нуди поглед на идниот сериски модел што ќе се произведува во фабриката на Honda во Охајо.

Единствената најачка слика покажува дека задниот дел добива светла со целосна ширина со LED графика и осветлена значка Acura. Дополнително, открива навестување за наведната линија на покривот и нагласените задни раменици.

Acura го опишува моделот како „SUV што им пркоси на сегментите“ со динамичен стил. Тоа ќе биде и нивното прво сериско возило што ќе ја користи новата EV платформа на компанијата.

Иако сè уште нема многу детали, се верува дека овој концепт е најава за електрично возило кое Honda го потврди во минатата 2023 година и треба да се појави на пазарот во текот на наредната 2025 година.

Сè уште неименуваниот Acura (засега наведен како Acura Performance EV) го следи пазарното лансирање на Honda Prologue и Acura ZDX.

Врз основа на тизери и шпекулации, овој SUV би можел да му конкурира на Model X на Tesla.

Повеќе детали ќе следат наскоро, на Неделата на автомобили во Монтереј 2024 година, која ќе се одржи следната недела во Калифорнија.





НАЈНОВИ