Најавен обновен Volvo XC90 со хибриден погон

Volvo најавува „нова итерација“ на XC90 за почетокот на септември, како хибридна алтернатива на целосно електричниот EX90 со слична големина…

Производителот на автомобили откри дека „значително освежениот“ XC90 ќе дебитира на 4-ти септември оваа 2024 година, на „Денот 90/90“.

Volvo, најверојатно, ќе примени слична стратегија и на други наследни модели со погон на мотори на внатрешно согорување, одржувајќи ги релевантни се додека марката не премине во целосно електрична линија до 2030 година.

Втората генерација на Volvo XC90 дебитираше во 2014 година и доби благо освежување во 2019 година.

Верзијата од 2025 година се очекува да има редизајнирана надворешност и освежена внатрешност, вклучувајќи стилски знаци од неговиот брат EV, EX90. Големиот SUV модел најверојатно ќе понуди механички надградби со посилен фокус на електрификацијата, заедно со најновата безбедносна технологија.

Volvo потврди дека фејслифтираниот XC90 ќе биде достапен само со хибриден погон, кој се очекува да се базира на постоечкиот модел T8.

Ова ќе значи мотор со четири цилиндри, со работен волумен од 2.0-литри придвижуван од бензинско гориво, поврзан со електричен мотор и батерија со капацитет на моќ од 19 kWh.

За да биде во чекор со ривалите од BMW и Mercedes, шведскиот (пардон кинескиот) Volvo ќе треба да цели кон целосно електричен опсег од речиси 100 километри.

Официјалниот тизер ја открива хаубата на новиот XC90, кој изгледа поизвајано од EX90. Предните светла, иако малку поинакви, сепак се карактеризираат со потписот на Volvo со ЛЕД графика со чекан Тор (Thor.) Исто така, се очекува нов дизајн на тркала до 22 инчи.

Внатре се очекуваат поголеми промени, со комплетно нова контролна табла која ќе биде блиску до новиот EX90. Ова ќе вклучува пловечки екран на таблетот, минимална употреба на физички контроли и висококвалитетни и еколошки материјали на повеќето површини.

Целосно електричниот EX90 првпат беше откриен во ноември 2022 година, но производството започна дури во јуни 2024 година по доцнењата предизвикани од софтверски грешки. Volvo верува дека новиот хибриден XC90 нема да ја канибализира продажбата на EX90, бидејќи моделите се привлечни за различна публика.

Од Volvo исто така ветија дека Денот 90/90 „ќе означи голем момент во претставувањето на EX90“, како и дека „може да има некои изненадувања“. Па до настанот има уште две недели, да почекаме и да видиме.





НАЈНОВИ