Најавени Volkswagen Jetta и Jetta GLI модели за 2025 година

Од Volkswagen потврдија дека обновената Jetta (и Jetta GLI) ќе има премиера кон крајот на овој месец (јуни), тековната 2024 година…

Поточно, тоа ќе се случи на 25 јуни, додека Jetta и Jetta GLI модели за 2025 година се очекуваат кај американските дилери до крајот на третиот квартал оваа 2024 госина. Сликата ја прикажува Jetta GLI, која добива нов преден браник и детали во вин на саќе на решетката на маската.

Во претходните најави се споменува дека моделот ќе има тенка решетка со осветлена долна калапи. Ним ќе им се придружат нови светла и модернизиран ентериер (со ревидирана контролна табла и нов информативно забавен систем). Засега не се знае дали ќе има промени во палетата на мотори. Актуелната Jetta има изведба со работен волумен од 1,5-литри, во конфигурација со четири цилиндри и надграден со турбо полнач мотор со моќност од 118 kW/160 КС и 249 Nm максимален вртежен момент.

Кога пак, станува збор за GLI верзијата, таа е придвижуван погонска единица со работен волумен од 2,0-литри. исто така во конфигурација со четири цилиндри и засилен со турбо полнач, мотор со  моќност од 170 kW/231 КС и 349 Nm максимален вртежен момент.





НАЈНОВИ