Напливот на безбедности системи кај автомобилите може да има контра ефект

Поради системот за асистенција, возачите се повеќе користат мобилни телефони?!…

Возачот е поверојатно да обрнува внимание на други работи освен на возење, ако автомобилот има систем за асистенција што може автоматски да забрзува, да сопира и да управува. Ова го покажуваат две нови студии спроведени во Соединетите Американски Држави.

Поточно, станува збор за Pilot Assist системот (Volvo) и Autopilot на Tesla. Тие се рекламираат како начин да се направи возењето побезбедно и попријатно, но во пракса тие значат дека многу возачи наместо тоа ги проверуваат своите мобилни телефони, јадат храна или дури се бричат ​​зад воланот.

Автомобилите во редовни интервали предупредуваат дека возачот мора да го допира воланот – во спротивно системот ќе се исклучи, но возачите брзо се приспособувале на предупредувањата и продолжиле да внимаваат на други работи освен сообраќајот, пишуваат специјализираните светски портали.

Првата студија опфати 29 возачи кои три години го користеа Volvo Pilot Assist системот.

Во втората студија учествувале 14 возачи кои еден месец возеле со автопилотот (Autopilot) на Теslа.

– Во двете студии, возачите го приспособуваа своето однесување и почнаа да се занимаваат со активности кои не се поврзани со возењето – рече Дејвид Харки (David Harkey), претседател на Меѓународниот институт за осигурување (IIHS).





НАЈНОВИ