Наскоро доаѓа нов MG HS

MG официјално потврди дека новата генерација на својот популарен SUV модел со ознака HS ќе биде претставена на 11 јули на фестивалот на брзина во Гудвуд (Goodwood festival of speed)…

MG објави и кратко тизер видео за втората генерација на HS, давајќи ни го нашиот прв поглед како изгледа.

Видеото открива дека предниот дел ќе има голема решетка и отвори за воздух, заедно со остар сет на LED фарови поврзани со хромирана лента, како MG5 EV.

Видливи се и задните светла, нагласените задни страни и големите октагонални MG значки на двата краја.

Сето тоа со најавените нови алуминиумски тркала и пошироката палета на бои.

Што се однесува до внатрешноста, MG ветува „ентериер со повеќе простор и низа нови технологии фокусирани на возачот“.

Стандардната опрема на пазарот во Велика Британија, во зависност од верзијата, ќе вклучува голем централен екран на допир (со „побрза и помазна функционалност“), задна паркинг камера со сензори, автоматски бришачи, загреани кожни седишта, двозонска контрола на климата, амбиентално осветлување во кабината, затемнети стакла и надграден аудио систем.

Безбедносните системи како автоматско сопирање, детекција на пешаци и велосипеди, помош за задржување лента, предупредување за напуштање лента, предупредување за заден вкрстен сообраќај и откривање на мртва точка ќе бидат стандардни низ опсегот на HS.

Новиот MG HS ќе биде достапен уште од лансирањето со избор на бензински и plug-in хибридни (PHEV) погонски единици. Plug – in хибридната верзија веројатно ќе биде најинтересна, како што потврди шефот за производ и планирање на MG Велика Британија ( Обединето кралство – United Kingdam н-UK), Дејвид Алисон(David Allison): „Ќе го нарушиме пазарот со тој автомобил“.

Наводно, ќе има батерија поголема од кој било конкурент, што ќе овозможи целосно електричен опсег од 112 километри.

 





НАЈНОВИ